Процесот на иницирање
Никола: „Во рамки на процесот на иницирање на нашата услуга за достава на намирници на постари луѓе, имаме три цели:
- Дефинирање на проектот: Создаваме услуга која постарите луѓе ќе можат лесно да ја користат на неделна основа и да бидат помалку оптоварени во текот на денот.
- Идентификување на засегнати страни: Како засегнати страни ги идентификувавме училишниот одбор, домот за грижа на стари лица, локалната продавница и членовите на нашиот тим.
- Одобрување на проектот: Потребна ни е дозвола од училишниот одбор и би сакале да добиеме потврда од домот за грижа на стари лица дека ги преземаме вистинските чекори. И секако, треба да се согласат и членовите на нашиот тим.“
Дефинирање на проектот: Основни прашања
Првата работа што треба да се направи кога се започнува проект е да се дефинираат целите на проектот. Ова е можност да се одлучи што ќе се направи и кои ќе бидат очекуваните резултати. Испорака е производот, услугата или резултатот на процесот.
Шесте прашања што следуваат се основни прашања што им помагаат на тимовите на најдобар начин да го дефинираат нивниот проект:
- Зошто? Зошто се започнува проектот? Која е нашата причина да го започнеме проектот?
- Кој? За кого ги спроведуваме активностите? Идентификување на луѓето кои учествуваат или се позитивно или негативно засегнати од резултите на проектот.
- Што? Што ќе испорачаме? Кои активности треба да ги извршиме? Кои ресурси и финансии ни се потребни за да ги испорачаме тие резултати?
- Кога? Кога ќе ги испорачаме овие резултати? Кога спонзорот на проектот ќе го одобри и прифати конечниот резултат на проектот?
- Каде? Каде ќе се искористат резултатите? Каде ќе се постигне ова? Ако училиштето планира годишен пикник за собирање средства, тогаш одговорот би можел да биде „локалниот парк“.
- Како? Како ќе ги постигнеме краткорочните и долгорочните цели на проектот? Како ќе се мери успехот?
Дефинирање на проектот
Кој одговор на прашањето недостасува? Прочитајте го горниот текст за да видите кои прашања и беа поставени на групата. Проверете дали недостасува „Зошто?“, „Кој?“, „Што?“, „Кога?“, „Каде?“ или „Како?“.
Денис:
- „Го започнуваме овој проект затоа што сакаме да им помогнеме на постарите лица од градот во набавката на намирници.
- Започнуваме со оваа услуга токму за постари лица затоа што забележавме во нашите семејства дека ним често им е потребна помош. Ако проектот е неуспешен, родителите и постарите лица кои сакале да ги користат нашите услуги ќе бидат разочарани.
- Услугата ќе ја испорачуваме преку телефон. Постарите луѓе ќе добијат тефтери во кои ќе можат да запишат листа на потребни намирници. Преку донации и спонзорства имаме собрано 1000 евра како буџет и ќе направиме настан за собирање дополнителни финансиски средства во случај да го надминеме буџетот.
- Сите испорачани резултати ќе доведат до одржување на настанот, а преку настан за собирање средства го зголемуваме и буџетот за дополнителни потреби.
- Ќе ја исполниме целта на проектот со тоа што секоја недела ќе одржуваме средби, започнувајќи од првата недела од јануари, ќе ги поделиме улогите и меѓусебно ќе си помагаме кога некој не може или е исплашен да ја изврши активноста што треба да ја изврши.
- Успехот ќе го мериме преку информациите што ќе ги добиваме пред и по воведувањето на нашата услуга. Ќе направиме истражување преку разговор за да дознаеме повеќе за искуствата со цел да можеме да ја подобруваме нашата услуга по нејзиното воведување.
Идентификување на засегнати страни
Како што беше споменато во воведот, засегнатите страни се луѓе или организации што се вклучени или што имаат интерес, позитивен или негативен, од проектот или од резултатот на проектот.
Во почетниот процес, проектните тимови често креираат листа на засегнати страни што ги вклучува лицата вклучени и/или засегнати од проектот, нивната улога во проектот (клиент, спонзор, член на тимот или јавноста) и нивните податоци за контакт.
Идентификување на засегнати страни
Повлечете ги вистинските засегнати страни до правилните улоги за стартување на услугата за испорака на намирници за постари лица врз основа на текстот што е даден подолу.
Марија: „Веќе утврдивме неколку работи за нашиот проект. Имаме средба со Весна за да разбереме повеќе за тоа што е дозволено, а што не е од гледна точка на училиштето, со цел да можеме да ја креираме нашата услуга. Потоа, ќе разговараме и со луѓето од домот за грижа на стари луѓе, кога ќе ја одржат нивната месечната средба со групата на Арбена, за да утврдиме дали сите се согласни. Сара ќе се погрижи тоа да се случи на време и ќе врши увид. Денис ќе ѝ помогне. И, на крај, веќе добивме намалување на некои намирници од Дејан. Тој има продавница во градот која е познато место за луѓето од домот за грижа на стари лица.“
Проектен план
Никола: „Прашањата зошто, кој, што, кога, каде и како се користат за да се изготви дефиниција на проектот.
Проектен план е документ со кој се „дозволува“ отпочнувањето на проектот и се користи за дополнително разјаснување и разработување на проектот.
Го утврдивме проектниот менаџер и ги наведовме членовите на тимот и тоа се луѓето што се вклучени во проектот.
Целите ги напишавме во описот на проектот. Нашите цели треба да бидат конкретни, мерливи и видливи. Овие цели го водат нашиот проект од почетокот до крајот. Колку појасно ни се дефинирани целите, толку е полесно да се движиме во вистинска насока.
Причината поради која го спроведуваме проектот е наведена во потребата/причината за спроведување на проектот. Со тоа се одговара на прашањето „зошто?“.
Главната одредница го претставува проценетото време во текот на кое ќе се испорачаат главните резултати.
Со критериумите за одобрување/прифаќање се документира како нашиот конечен производ ќе биде оценет од корисниците и каков ќе биде квалитетот на конечниот производ. Тие дефинираат како ќе знаеме кога ќе завршиме и дали успешно сме ги исполниле нашите цели.
Претпоставки се фактори за проектот што сметаме дека се вистинити, без притоа да добиеме доказ за тоа. Идентификувањето на претпоставките му помага на тимот да ги разјасни оние првични претпоставки за кои членовите на тимот немаат исто мислење. На пример дали воопшто е потребен тој производ!
Ограничување е кој било фактор кој спречува исполнување на целта на проектот. Ова може да вклучува ограничувања во буџетот, времето, достапноста на луѓето или нешто друго.
Ризикот вклучува секаков вид неочекувани ситуации коишто може да настанат. Треба да размислиме за потенцијалните ризици на почетокот на нашиот проект за да можеме соодветно да се соочиме со истите и да креираме план за тоа како да одговориме на тие предизвици. Иако не можеме да ги предвидиме сите ситуации, колку повеќе сме подготвени, толку е поверојатно нашиот проект да е поуспешен. Пример за ризик би можело да биде можноста за врнежи за време на настанот што е планирано да се одржи на отворено место. Одговорот на тој ризик би бил да се испланира алтернативна локација во случај на дожд.“
Пример за проектен план
Главна одредница: Намирничко
Проектен менаџер: Сара
Членови на тимот: Денис, Марија и Никола
Засегнати страни: Арбена Исеини од домот за грижа на стари лица и Весна Николовска од училишниот одбор
Спонзор: Дејан Несторов од локалната продавница
Опис на проектот:
Опишете го проектот. Која е целта на вашиот проект?
Да се достават намирници за лица од нашиот локален дом за грижа на стари лица што ќе им бидат од корист.
Причина/ потреба за спроведување на проектот:
Зошто го спроведувате овој проект?
Основната цел на проектот е да се развие едноставна услуга која е лесна за користење за постарата генерација без притоа да се потребни дигитални алатки што тие не би сакале да ги користат.
Главна одредница:
Кои се главните точки за напредок? Кои се резултатите? Кога треба да се постигнат?
Одобрение од училишниот одбор (април): Изготвување предлог проект за да го известиме училишниот одбор за тоа што ние го правиме и да добиеме „да или не“.
Корисничко тестирање (мај): Добивање повратни информации од домот за грижа на стари лица за нашата услуга. Спроведување интервју со лица од домот за да ги имаме првичните претпоставки и кои потреби би можеле да ги задоволиме.
Промотивен настан (18 јуни): Промоција за воведување на нашата услуга и понуда на намирници на нашите пет први потрошувачи и прослава за започнувањето на испораката на услугата.
Критериуми за прифаќање/одобрување:
Како ќе се оцени конечниот производ?
- Проектот ќе биде завршен на време, во рамките на буџетот и ги исполнува критериумите зададени од училишниот одбор;
- Сите првични претпоставки се проверени со корисниците;
- Воспоставен е јасен контакт со локалната продавница за намалување на цената на намирниците;
- По промотивниот настан ќе испратиме анкета за да добиеме повратни информации.
Првични претпоставки:
Што сметате дека е точно за овој проект?
- Луѓето во домот за грижа на стари лица имаат потреба од помош при купување намирници;
- Постарите луѓе не се чувствуваат секогаш пријатно кога користат дигитални алатки;
- Постарите луѓе понекогаш се соочуваат со тешкотии кога сами купуваат намирници;
- Можеме да најдеме доволно учесници кои ќе ја користат нашата услуга;
- Можеме да најдеме доволно заинтересирани страни за нашиот промотивен настан.
Ограничувања:
Кои фактори ќе го ограничат спроведувањето на проектот?
- Ние сме нов тим и треба подобро да се запознаеме;
- Имаме ограничувања од училишниот одбор за тоа што е дозволено да се спроведе во проектот;
- Имаме ограничен буџет;
- Имаме 6 месеци до промотивниот настан.
Ризици:
Кои работи би можеле да предизвикаат проблеми во текот на проектот?
- Соработката со нашиот спонзор – локалната продавница – може да не се оствари;
- Може да имаме долготрајни несогласувања во нашиот тим;
- Премногу сме зафатени со други училишни обврски;
- Домот за грижа на стари лица не покажува интерес за соработка во проектот;
- Не можеме да добиеме доволна заинтересираност од луѓето да дојдат на нашиот промотивен настан.
Клучна терминологија
Кликнете на зборовите за да го видите нивното значење
Група услови што е потребно да се исполнат пред да се одобрат резултатите.
Засебен, испланиран дел од работата извршен во текот на проектот.
Фактор во процесот на планирање што се смета дека е вистинит, реален или сигурен, без доказ или приказ.
Процес(и) што се врши(ат) за формално да се комплетира или реализира проект, фаза или договор.
Компонента на проектот, програма или портфолио со план за управување во кој се опишува како, кога и кои информации за проектот ќе бидат проследени или објавени.
Ограничувачки фактор што влијае врз извршувањето на проектот, програмата, портфолиото или процесот.
Секој уникатен производ, резултат или способност за испорачување услуга што може да се потврди и што треба да се создаде за да се заврши некој процес, фаза или проект.
Ова е процесот на работење согласно проектниот план. Фазата на извршување вклучува реализирање на активностите утврдени во текот на процесот на планирање.
Оние процеси што се спроведуваат за да се дефинира нов проект или нова фаза од постоечкиот проект преку добивање дозвола за започнување на проектот или фазата.
Знаењето стекнато во текот на проектот според кое може да се види како се постапувало или треба да се постапува со проектните настани во иднина со цел подобрување на работата во иднина.
Значајна точка или настан во проект, програма или портфолио.
Вид распоред што ги претставува главните одредници со планирани датуми.
Се јавува во рамките на целиот проект. Следењето и контролата вклучуваат осигурување дека сите активности во проектниот план се завршени на време и во рамките на буџетот, како и постапување согласно какви било промени потребни за успешно постигнување на целите на проектот.
Проектниот менаџер и членовите на тимот ги дефинираат активностите потребни за комплетирање на конечниот производ, услуга или резултат. Се одредува каков персонал и кои ресурси се потребни, се утврдува временската рамка и буџетот достапен за проектот.
Привремена дејност која се презема за да се создаде уникатен производ, услуга или резултат.
Документ издаден од иницијаторот или спонзорот на проектот со кој се дава формална потврда за постоењето на проектот и му дава на менаџерот овластување да ги примени организациските ресурси за проектните активности.
Примена на знаење, алатки и техники во проектните активности, за да се постигнат барањата на проектот.
Лице назначено од организацијата, да го води тимот кој е одговорен за постигнувањето на целите на проектот.
Модел на организација што ги претставува поврзаните активности со планирани датуми, времетраење, главни одредници и ресурси.
Група луѓе кои му даваат поддршка на проектниот менаџер во реализирањето на работата во рамките на проектот.
Работата реализирана за да се добие производ, услуга или резултат со посебни функции и функционалности.
Неконтролирано ширење на производот или опсегот на проектот без приспособувања кон времето, трошоците и ресурсите.
Лице или група што дава ресурси и поддршка за проект, програма или портфолио и е одговорна за овозможување на успешен резултат.
Лице, група или организација која може да влијае, може да биде засегната или да се смета за засегната од одлука, активност или резултат од некој проект.
Проектен документ што вклучува идентификација, оцена и класификација на засегнатите страни во проектот.
Секој член на тимот или физички предмет потребен за комплетирање на проектот.
Несигурен настан или услов што, ако се случи, има позитивен или негативен ефект врз една или повеќе цели на проектот.
Хиерархиска поделба на севкупниот опсег на работата што тимот на проектот треба да ја реализира за да ги исполни целите на проектот и за да ги креира потребните резултати.
