Планирање кога и како да се следи и контролира проектот
Марија: „Време е да го реализираме нашиот план за промотивниот настан!
Спроведувањето е процес на работа согласно проектниот план. Тоа вклучува реализација на проектниот план. Проектниот план служи како водич кој помага при осигурувањето дека сите исходи- сите утврдени цели на проектот- ќе бидат соодветно завршени, на време и во рамките на буџетот.
При реализацијата на задачите треба да се стремите кон:
- Користење на буџетот и на ресурсите како што е планирано;
- Управување со ризиците што сте ги идентификувале;
- Да останеме фокусирани само на работата што е опишана во опсегот на проектот;
- Исполнување на главните одредници;
- Организирано документирање на напредокот;
- Редовно и ефективно споделување на напредокот на проектот со засегнатите страни.
Со проверување на напредокот, оценување дали проектните цели се исполнети на најдобар можен начин и со подготвеност за нивно приспособување, доколку е тоа потребно, вие сте вклучени во процесот на следење/контрола.“
Користење на алатки за управување со проекти
Регистрирајте се преку Trello.com и креирајте профил и започнете со новата табла каде ќе ги креирате горенаведените теми:
- Извештај за статусот
- Да се направи
- Во тек
- Во мирување
- Завршено
- Следна недела
- Заостаната работа
Креирајте извештај за статусот
Сара: „Креирајте извештај за статусот сличен на оној прикажан на сликата подолу. Тоа ќе го направите со креирање нова ставка во колоната „Извештај за статусот“. Потоа внесете го текстот што го гледате подолу. Обидете се да откриете како да го затемните текстот и/или да додавате листи со задачи и слично.“
Клучна терминологија
Кликнете на зборовите за да го видите нивното значење
Група услови што е потребно да се исполнат пред да се одобрат резултатите.
Засебен, испланиран дел од работата извршен во текот на проектот.
Фактор во процесот на планирање што се смета дека е вистинит, реален или сигурен, без доказ или приказ.
Процес(и) што се врши(ат) за формално да се комплетира или реализира проект, фаза или договор.
Компонента на проектот, програма или портфолио со план за управување во кој се опишува како, кога и кои информации за проектот ќе бидат проследени или објавени.
Ограничувачки фактор што влијае врз извршувањето на проектот, програмата, портфолиото или процесот.
Секој уникатен производ, резултат или способност за испорачување услуга што може да се потврди и што треба да се создаде за да се заврши некој процес, фаза или проект.
Ова е процесот на работење согласно проектниот план. Фазата на извршување вклучува реализирање на активностите утврдени во текот на процесот на планирање.
Оние процеси што се спроведуваат за да се дефинира нов проект или нова фаза од постоечкиот проект преку добивање дозвола за започнување на проектот или фазата.
Знаењето стекнато во текот на проектот според кое може да се види како се постапувало или треба да се постапува со проектните настани во иднина со цел подобрување на работата во иднина.
Значајна точка или настан во проект, програма или портфолио.
Вид распоред што ги претставува главните одредници со планирани датуми.
Се јавува во рамките на целиот проект. Следењето и контролата вклучуваат осигурување дека сите активности во проектниот план се завршени на време и во рамките на буџетот, како и постапување согласно какви било промени потребни за успешно постигнување на целите на проектот.
Проектниот менаџер и членовите на тимот ги дефинираат активностите потребни за комплетирање на конечниот производ, услуга или резултат. Се одредува каков персонал и кои ресурси се потребни, се утврдува временската рамка и буџетот достапен за проектот.
Привремена дејност која се презема за да се создаде уникатен производ, услуга или резултат.
Документ издаден од иницијаторот или спонзорот на проектот со кој се дава формална потврда за постоењето на проектот и му дава на менаџерот овластување да ги примени организациските ресурси за проектните активности.
Примена на знаење, алатки и техники во проектните активности, за да се постигнат барањата на проектот.
Лице назначено од организацијата, да го води тимот кој е одговорен за постигнувањето на целите на проектот.
Модел на организација што ги претставува поврзаните активности со планирани датуми, времетраење, главни одредници и ресурси.
Група луѓе кои му даваат поддршка на проектниот менаџер во реализирањето на работата во рамките на проектот.
Работата реализирана за да се добие производ, услуга или резултат со посебни функции и функционалности.
Неконтролирано ширење на производот или опсегот на проектот без приспособувања кон времето, трошоците и ресурсите.
Лице или група што дава ресурси и поддршка за проект, програма или портфолио и е одговорна за овозможување на успешен резултат.
Лице, група или организација која може да влијае, може да биде засегната или да се смета за засегната од одлука, активност или резултат од некој проект.
Проектен документ што вклучува идентификација, оцена и класификација на засегнатите страни во проектот.
Секој член на тимот или физички предмет потребен за комплетирање на проектот.
Несигурен настан или услов што, ако се случи, има позитивен или негативен ефект врз една или повеќе цели на проектот.
Хиерархиска поделба на севкупниот опсег на работата што тимот на проектот треба да ја реализира за да ги исполни целите на проектот и за да ги креира потребните резултати.
