Без внимателно планирање, проектниот менаџер и проектниот тим може да се соочат со тешкотии при спроведувањето на успешен проект.
Процесот на планирање ги вклучува следниве активности:
- Поделба на работата во активности;
- Подредување на активностите според приоритет;
- Процена на времето потребно за секоја активност;
- Назначување улоги и одговорности.
Планирање кога и како да се следи и контролира проектот
Сара: „Секој дел од нашиот процес на планирање се надоврзува на процесите што се случиле претходно. Може ќе согледате дека треба повторно да разгледате и проверите делови од проектот. Овој процес на проверка и ревизија е дел од следењето и контролата на проектот. Следењето и контролата се полесни кога има тековна размена на информации во тимот. На пример, секој понеделник наутро ние имаме средба за размена на информации за тековните активности.“
Креирање временски распоред на проектот
Марија: „Треба да се креира временски распоред на проектот во кој ќе се наведат сите главни одредници, сите активности што треба да се реализираат вклучително и кога тие треба да започнат и датумите до кога треба да се реализирани со цел да се постави рок за промотивниот настан.“
За креирање временски распоред ги следиме следните чекори:
- Идентификување на главните одредници: Главните одредници се критични точки во временската рамка на проектот што може да се набљудуваат за да се одреди дали проектот навремено се одвива. Тие го прикажуваат завршувањето на главните делови на проектот.
- Дефинирање на активностите: Кои активности треба да се исполнат за да се задоволи секоја главна одредница?
- Листа на активностите: Активностите се всушност листата „со задачи“ за секоја активност. Проектните главни одредници и активности ги распоредуваме преку структура за распределба на работата. Подолу во текстот ќе најдете пример за ваквата структура.
- Утврдување на редоследот: Кога ќе биде завршена секоја главна одредница, активност или задача? За да се одреди редоследот ќе треба да оцениме кои задачи се зависни, а кои се независни.
Зависна задача значи дека претходно мора да се изврши некоја друга задача или активност пред зависната задача да може да започне. Пример: Ако јас ги доставам намирниците, ќе мора прво да ги купам. Тоа значи дека доставувањето на намирниците зависи од тоа дали ќе се изврши активноста купување на намирниците.
Независна задача е активност или задача што може да се заврши во кое било време и не е поврзана со извршувањето на некоја друга задача. - Проценување на времето: Колку време ќе биде потребно за завршување на секоја задача? Ова е вашата најдобра претпоставка врз основа на минатото искуство, земајќи го предвид обемот на работа што треба да се заврши.
Несоодветното проценување на времето потребно за завршување на секоја активност е честа грешка. Пресметување на повеќе време за комплетирање на активностите е добар начин да се осигурате дека навремено ќе го завршите на проектот. - Изработка на временскиот распоред: Со сите горенаведени информации на располагање, сега може да се креира временскиот распоред.
Структура за распределба на работата
Со помош од текстот подолу, пополнете го платното:
Управувањето со проекти може да се подели на пет последователни процеси:
- Процесот на иницирање е почеток на проектот. Во текот на овој процес, се идентификуваат засегнатите страни на проектот и се избира проектен менаџер. Целите и задачите на проектот се дефинирани и се добива овластување за продолжување со проектот.
- За време на процесот на планирање се креира проектниот план. Проектниот менаџер и членовите на тимот ги дефинираат активностите потребни за комплетирање на финалниот производ, услуга или резултат. Тие, исто така, одредуваат кој персонал и ресурси се потребни, ја утврдуваат временската рамка и расположливиот буџет за проектот. Процесот на планирање е многу важен за севкупниот успех на проектот. Без внимателно планирање, на проектниот менаџер и на проектниот тим може да им биде многу тешко да постигнат успех на проектот.
- Извршувањето е процес на работа преку проектниот план. Фазата на извршување вклучува извршување на активностите наведени во текот на процесот на планирање.
- Мониторингот и контролата се случуваат во текот на целиот проект. Следењето и контролата вклучува обезбедување дека сите активности во проектниот план се завршени навреме и во рамките на буџетот, како и адресирање на какви било промени неопходни за успешно постигнување на целите на проектот.
Во процесот на затворање, целите на проектот се испорачуваат. Конечната административна работа е завршена и научените лекции се доловуваат за подобрување на идните проекти. Процесот на затворање вклучува одвојување време за славење на успесите на тимот на патот кон завршување на проектот.
Назначување улоги и одговорности
Денис: „За нашиот тим важно е да се увидат силните страни, вештините и можностите на секој од членовите од тимот за да се осигура дека тие ќе ги добијат точните одговорности што соодветствуваат на нивните личности и вештини.
Матрицата за назначување одговорности (МНО) може да се користи за да им се доделат соодветните задачи на членовите од тимот. Исто така, добра практика е да се назначи и уште едно лице, во случај првоназначениот да не е во можност да ги изврши задачите.”
Планирање кога, што и како ќе комуницирате
Сара: „На членовите на нашиот тим и засегнатите страни (како што се училишниот одбор, локалната продавница и домот за грижа на стари лица) им требаат информации за тоа како се развива проектот и што би требало да се промени за да се извршат сите задачи.
Планирањето на комуникацијата вклучува и имање јасно разбирање за тоа кој треба со кого и колку често да комуницира, како и кои информации би биле релевантни и корисни за секоја засегната страна.“
Планирање на ризик
Денис: „Важно е да се идентификуваат ризиците кои може да влијаат врз успешниот исход од проектот, како на пример дали нашата услуга е толку корисна што ќе можеме да ја воведеме и во некој друг град!
Идентификувањето на потенцијалните ризици дава можност за однапред да се планира одговорот за справување со успесите и неуспесите со цел да се избегне или минимизира негативното влијание врз проектот.
Ризиците можат да влијаат врз една или повеќе области од проектот, вклучувајќи и:
- Ресурси: Способност да се добијат луѓе, опрема, финансирање или други ресурси за да се заврши проектот
- Време: Дали резултатите или целиот проект ќе бидат завршени на време?
- Опсег: Завршување и испорачување на сите ставки наведени во оригиналниот опсег
- Квалитет: Колку добро секој резултат ги задоволува целите утврдени во критериумите за одобрување?”
Пополнете го нивото на ризик со тоа што ќе ја повлечете првата буква од зборот во точната колона:
Клучна терминологија
Кликнете на зборовите за да го видите нивното значење
Група услови што е потребно да се исполнат пред да се одобрат резултатите.
Засебен, испланиран дел од работата извршен во текот на проектот.
Фактор во процесот на планирање што се смета дека е вистинит, реален или сигурен, без доказ или приказ.
Процес(и) што се врши(ат) за формално да се комплетира или реализира проект, фаза или договор.
Компонента на проектот, програма или портфолио со план за управување во кој се опишува како, кога и кои информации за проектот ќе бидат проследени или објавени.
Ограничувачки фактор што влијае врз извршувањето на проектот, програмата, портфолиото или процесот.
Секој уникатен производ, резултат или способност за испорачување услуга што може да се потврди и што треба да се создаде за да се заврши некој процес, фаза или проект.
Ова е процесот на работење согласно проектниот план. Фазата на извршување вклучува реализирање на активностите утврдени во текот на процесот на планирање.
Оние процеси што се спроведуваат за да се дефинира нов проект или нова фаза од постоечкиот проект преку добивање дозвола за започнување на проектот или фазата.
Знаењето стекнато во текот на проектот според кое може да се види како се постапувало или треба да се постапува со проектните настани во иднина со цел подобрување на работата во иднина.
Значајна точка или настан во проект, програма или портфолио.
Вид распоред што ги претставува главните одредници со планирани датуми.
Се јавува во рамките на целиот проект. Следењето и контролата вклучуваат осигурување дека сите активности во проектниот план се завршени на време и во рамките на буџетот, како и постапување согласно какви било промени потребни за успешно постигнување на целите на проектот.
Проектниот менаџер и членовите на тимот ги дефинираат активностите потребни за комплетирање на конечниот производ, услуга или резултат. Се одредува каков персонал и кои ресурси се потребни, се утврдува временската рамка и буџетот достапен за проектот.
Привремена дејност која се презема за да се создаде уникатен производ, услуга или резултат.
Документ издаден од иницијаторот или спонзорот на проектот со кој се дава формална потврда за постоењето на проектот и му дава на менаџерот овластување да ги примени организациските ресурси за проектните активности.
Примена на знаење, алатки и техники во проектните активности, за да се постигнат барањата на проектот.
Лице назначено од организацијата, да го води тимот кој е одговорен за постигнувањето на целите на проектот.
Модел на организација што ги претставува поврзаните активности со планирани датуми, времетраење, главни одредници и ресурси.
Група луѓе кои му даваат поддршка на проектниот менаџер во реализирањето на работата во рамките на проектот.
Работата реализирана за да се добие производ, услуга или резултат со посебни функции и функционалности.
Неконтролирано ширење на производот или опсегот на проектот без приспособувања кон времето, трошоците и ресурсите.
Лице или група што дава ресурси и поддршка за проект, програма или портфолио и е одговорна за овозможување на успешен резултат.
Лице, група или организација која може да влијае, може да биде засегната или да се смета за засегната од одлука, активност или резултат од некој проект.
Проектен документ што вклучува идентификација, оцена и класификација на засегнатите страни во проектот.
Секој член на тимот или физички предмет потребен за комплетирање на проектот.
Несигурен настан или услов што, ако се случи, има позитивен или негативен ефект врз една или повеќе цели на проектот.
Хиерархиска поделба на севкупниот опсег на работата што тимот на проектот треба да ја реализира за да ги исполни целите на проектот и за да ги креира потребните резултати.
