Завршен процес

Завршувањето на еден проект е достигнување. Тоа достигнување значи дека се завршила доста обемна работа. Како група, вие и членовите на вашиот тим заедно зачнавте идеја, ја испланиравте, го реализиравте планот, го следевте/контролиравте напредокот и сега дојдовте до завршниот процес.

Успеавме!

Денис, Сара, Марија, Никола: „УСПЕАВМЕ, ПРОМОТИВНИОТ НАСТАН БЕШЕ ОДЛИЧЕН!“

По еден ден одмор сега сме подготвени да го затвориме овој дел од проектот. Завршувањето е процес на комплетирање на проектот. Завршувањето на еден проект е достигнување. Тоа достигнување значи дека се завршила доста обемна работа.

Процес на завршување

Сара: „Како група, ние заедно зачнавме идеја, ја испланиравме, го реализиравме планот, го следевме/контролиравме напредокот и сега дојдовме до завршниот процес. Во завршниот процес имаме можност да размислиме за квалитетот на резултатите од проектот, што научивме за управувањето со проект и колку добро вие и вашиот тим работевте заедно.

Сепак, во завршниот процес има некои задачи што треба да се сработат и тоа:

  • За некои проекти се изготвува завршна презентација за да им се претстави завршниот извештај на засегнатите страни (училишниот одбор, домот за грижа на стари лица, спонзорите, итн.).
  • Ја собираме и чуваме сета документација поврзана со проектот (како што е проектниот план, целиот временски распоред, итн.) во портфолиото на проектот, како што се оние внесени во тефтер или во компјутер. Овие документи стануваат референтен материјал за идни проекти, на пример за нови повторувања на нашата услуга за достава на намирници во месеците што доаѓаат или друг настан што би сакале да го организираме.
  • Членовите на тимот треба да „дадат одобрение“ за проектот, за да се потврди дека тој е завршен.
  • Заедно со членовите на тимот креираме документ со поуки, при што ги прашуваме кои беа добрите работи, што можеше да биде подобро и што треба да продолжи да се реализира.
  • Правиме самооценување и оценување од другите во тимот и имаме индивидуален разговор за секој член од нашиот тим. Разговараме за тоа дали ние:
    • Се однесувавме со меѓусебна почит,
    • Ги делевме одговорностите,
    • Дали комунициравме јасно и ефективно,
    • Дали работевме на организиран начин и
    • Дали мудро го организиравме времето.
  • И секако, на крај, заедно прославуваме дека нашиот тим го постигнал сето тоа! Без разлика на исходот, посветивме време и напор, научивме многу во самиот процес и треба да сме наградени за ЦЕЛИОТ тој напор.“

Самооценување и оценување од колеги

Никола: „За секој член на тимот да може да напредува од овој процес, ние спроведуваме самооценување и оценување од колегите. Тоа го правиме со тоа што за секој член од тимот пишуваме текст на самолепливи ливчиња што изгледаат вака“:

Пронаоѓач на зборови

Помогнете ни да прославиме со тоа што ќе ги пронајдете сите клучни изрази од секое поглавје со што ќе покажете дека НАЈМНОГУ НА СВЕТ сте подготвени да управувате со проект!

Клучна терминологија

Кликнете на зборовите за да го видите нивното значење

Група услови што е потребно да се исполнат пред да се одобрат резултатите.

Засебен, испланиран дел од работата извршен во текот на проектот.

Фактор во процесот на планирање што се смета дека е вистинит, реален или сигурен, без доказ или приказ.

Процес(и) што се врши(ат) за формално да се комплетира или реализира проект, фаза или договор.

Компонента на проектот, програма или портфолио со план за управување во кој се опишува како, кога и кои информации за проектот ќе бидат проследени или објавени.

Ограничувачки фактор што влијае врз извршувањето на проектот, програмата, портфолиото или процесот.

Секој уникатен производ, резултат или способност за испорачување услуга што може да се потврди и што треба да се создаде за да се заврши некој процес, фаза или проект.

Ова е процесот на работење согласно проектниот план. Фазата на извршување вклучува реализирање на активностите утврдени во текот на процесот на планирање.

Оние процеси што се спроведуваат за да се дефинира нов проект или нова фаза од постоечкиот проект преку добивање дозвола за започнување на проектот или фазата.

Знаењето стекнато во текот на проектот според кое може да се види како се постапувало или треба да се постапува со проектните настани во иднина со цел подобрување на работата во иднина.

Значајна точка или настан во проект, програма или портфолио.

Вид распоред што ги претставува главните одредници со планирани датуми.

Се јавува во рамките на целиот проект. Следењето и контролата вклучуваат осигурување дека сите активности во проектниот план се завршени на време и во рамките на буџетот, како и постапување согласно какви било промени потребни за успешно постигнување на целите на проектот.

Проектниот менаџер и членовите на тимот ги дефинираат активностите потребни за комплетирање на конечниот производ, услуга или резултат. Се одредува каков персонал и кои ресурси се потребни, се утврдува временската рамка и буџетот достапен за проектот.

Привремена дејност која се презема за да се создаде уникатен производ, услуга или резултат.

Документ издаден од иницијаторот или спонзорот на проектот со кој се дава формална потврда за постоењето на проектот и му дава на менаџерот овластување да ги примени организациските ресурси за проектните активности.

Примена на знаење, алатки и техники во проектните активности, за да се постигнат барањата на проектот.

Лице назначено од организацијата, да го води тимот кој е одговорен за постигнувањето на целите на проектот.

Модел на организација што ги претставува поврзаните активности со планирани датуми, времетраење, главни одредници и ресурси.

Група луѓе кои му даваат поддршка на проектниот менаџер во реализирањето на работата во рамките на проектот.

Работата реализирана за да се добие производ, услуга или резултат со посебни функции и функционалности.

Неконтролирано ширење на производот или опсегот на проектот без приспособувања кон времето, трошоците и ресурсите.

Лице или група што дава ресурси и поддршка за проект, програма или портфолио и е одговорна за овозможување на успешен резултат.

Лице, група или организација која може да влијае, може да биде засегната или да се смета за засегната од одлука, активност или резултат од некој проект.

Проектен документ што вклучува идентификација, оцена и класификација на засегнатите страни во проектот.

Секој член на тимот или физички предмет потребен за комплетирање на проектот.

Несигурен настан или услов што, ако се случи, има позитивен или негативен ефект врз една или повеќе цели на проектот.

Хиерархиска поделба на севкупниот опсег на работата што тимот на проектот треба да ја реализира за да ги исполни целите на проектот и за да ги креира потребните резултати.