Секој од нас бил вклучен во некој аспект од проектен менаџмент. Всушност, во секојдневниот живот веќе подолго време најверојатно сте развивале и сте раководеле со проекти без притоа да сте свесни за тоа. Сте учествувале во различни аспекти од проектниот менаџмент.
Добредојдовте
„Мило ни е што сте тука. Да ви се претставиме;
Ние сме Сара, Никола, Марија и Денис и заедно создаваме производ именуван како „Намирничко“. Тоа е услуга за достава на намирници за постари луѓе. Меѓусебно ќе ги поделиме задачите, за да бидеме сигурни дека проектот ќе биде успешен.
Во следниот час и половина заедно со нас ќе откриете што значи да се биде проектен менаџер. Чекор по чекор ќе се запознаете со најважните процеси, вештини и концепти во рамки на проектниот менаџмент. На овој начин ќе можете истите да ги применувате во идни проекти. Ќе ве запознаеме со процесите на проектниот менаџмент и ќе ги научите вештините и неговите концепти што можат да се применуваат во секој проект.
На крајот од секој модул, ќе добиете обрасци кои можете да ги користите за да ги спроведувате вашите проекти. Љубопитни сте? Да започнеме.“
Што е проект?
Марија: „Секој од нас на одреден начин бил вклучен во некој аспект на проектен менаџмент или барем во текот на образовниот процес. Исто така, во секојдневниот живот веќе подолго време најверојатно сте развивале и раководеле со проекти без притоа да сте свесни за тоа. Секој пат кога сте планирале која облека да ја спакувате кога одите на одмор, кога сте организирале време за средба со пријателите, кога сте подготвувале презентација или кога сте правеле авионче од хартија со вашиот тим, вие всушност се учествувале во различни аспекти од проектниот менаџмент.“
Клучни улоги во проектниот менаџмент
Сара: „За овој проект, Никола, Марија и Денис меѓусебно ќе ги поделат различните улоги. Ајде да дефинираме некои од улогите во рамки на еден проект. Дали може да ни помогнете да ги добиеме точните називи за објаснувањата?“
Процеси на проектниот менаџмент
Никола: „Учевме и за различните процеси во проектниот менаџмент. Секој проект, без разлика на големината или комплексноста, вклучува користење различни вештини, алатки и постапки за да се исполнат целите на проектот. Проектниот менаџмент може да се подели на пет последователни процеси:
- Процесот на иницирање е почеток на проектот. Во текот на овој процес се идентификуваат засегнатите страни и се избира проектниот менаџер. Се дефинираат целите и задачите на проектот и се добива дозвола да се продолжи со реализација на проектот.
- Проектот се создава во текот на процесот на планирање. Проектниот менаџер и членовите на тимот ги дефинираат активностите потребни за креирање на конечниот производ, услуга или резултат. Тие, исто така, одлучуваат и каков персонал и ресурси се потребни, утврдуваат временска рамка и буџет што ќе го имаат на располагање за проектот. Процесот на планирање е многу важен за севкупниот успех на проектот. Без внимателно планирање, проектниот менаџер и тимот на проектот, може да се соочат со тешкотии да постигнат успех во проектот.
- Извршувањето е процес на работење преку проектниот план. Фазата на извршување вклучува спроведување на активностите утврдени во текот на процесот на планирање.
- Следење и контрола се спроведуваат во текот на целиот проект. Преку следењето и контролата се обезбедува сите активности во проектниот план да бидат завршени на време и во рамки на буџетот и се решава за сите промени неопходни за успешно постигнување на целите на проектот.
- Во завршниот процес се испорачуваат проектните цели. Се завршуваат последните административни задачи и се издвојуваат поуките за подобрување на идните проекти. Завршниот процес вклучува време за прославување на успесите на тимот, постигнати при реализацијата на проектот.
Помогнете ни да ги направиме вистинските чекори во проектот, со тоа што ќе ги подредите според точниот редослед.“
Трите ограничувања на проектниот менаџмент
Сара: „За овој проект, Никола, Марија и Денис меѓусебно ќе ги поделат различните улоги. Ајде да дефинираме некои од улогите во рамки на еден проект. Дали може да ни помогнете да ги добиеме точните називи за објаснувањата?“
Клучна терминологија
Кликнете на зборовите за да го видите нивното значење
Група услови што е потребно да се исполнат пред да се одобрат резултатите.
Засебен, испланиран дел од работата извршен во текот на проектот.
Фактор во процесот на планирање што се смета дека е вистинит, реален или сигурен, без доказ или приказ.
Процес(и) што се врши(ат) за формално да се комплетира или реализира проект, фаза или договор.
Компонента на проектот, програма или портфолио со план за управување во кој се опишува како, кога и кои информации за проектот ќе бидат проследени или објавени.
Ограничувачки фактор што влијае врз извршувањето на проектот, програмата, портфолиото или процесот.
Секој уникатен производ, резултат или способност за испорачување услуга што може да се потврди и што треба да се создаде за да се заврши некој процес, фаза или проект.
Ова е процесот на работење согласно проектниот план. Фазата на извршување вклучува реализирање на активностите утврдени во текот на процесот на планирање.
Оние процеси што се спроведуваат за да се дефинира нов проект или нова фаза од постоечкиот проект преку добивање дозвола за започнување на проектот или фазата.
Знаењето стекнато во текот на проектот според кое може да се види како се постапувало или треба да се постапува со проектните настани во иднина со цел подобрување на работата во иднина.
Значајна точка или настан во проект, програма или портфолио.
Вид распоред што ги претставува главните одредници со планирани датуми.
Се јавува во рамките на целиот проект. Следењето и контролата вклучуваат осигурување дека сите активности во проектниот план се завршени на време и во рамките на буџетот, како и постапување согласно какви било промени потребни за успешно постигнување на целите на проектот.
Проектниот менаџер и членовите на тимот ги дефинираат активностите потребни за комплетирање на конечниот производ, услуга или резултат. Се одредува каков персонал и кои ресурси се потребни, се утврдува временската рамка и буџетот достапен за проектот.
Привремена дејност која се презема за да се создаде уникатен производ, услуга или резултат.
Документ издаден од иницијаторот или спонзорот на проектот со кој се дава формална потврда за постоењето на проектот и му дава на менаџерот овластување да ги примени организациските ресурси за проектните активности.
Примена на знаење, алатки и техники во проектните активности, за да се постигнат барањата на проектот.
Лице назначено од организацијата, да го води тимот кој е одговорен за постигнувањето на целите на проектот.
Модел на организација што ги претставува поврзаните активности со планирани датуми, времетраење, главни одредници и ресурси.
Група луѓе кои му даваат поддршка на проектниот менаџер во реализирањето на работата во рамките на проектот.
Работата реализирана за да се добие производ, услуга или резултат со посебни функции и функционалности.
Неконтролирано ширење на производот или опсегот на проектот без приспособувања кон времето, трошоците и ресурсите.
Лице или група што дава ресурси и поддршка за проект, програма или портфолио и е одговорна за овозможување на успешен резултат.
Лице, група или организација која може да влијае, може да биде засегната или да се смета за засегната од одлука, активност или резултат од некој проект.
Проектен документ што вклучува идентификација, оцена и класификација на засегнатите страни во проектот.
Секој член на тимот или физички предмет потребен за комплетирање на проектот.
Несигурен настан или услов што, ако се случи, има позитивен или негативен ефект врз една или повеќе цели на проектот.
Хиерархиска поделба на севкупниот опсег на работата што тимот на проектот треба да ја реализира за да ги исполни целите на проектот и за да ги креира потребните резултати.
